Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Заев го стигна Груевски во популарноста, има 24,8%, наспроти 25,8 проценти доверба на Груевски

Заев го стигна Груевски во популарноста, има 24,8%, наспроти 25,8 проценти доверба на Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е политичарот на кого најмногу му веруваат граѓаните. Според анкетата на Телма и МЦМС, на прашањето кој политичар заслужува најголема доверба, за Груевски се определиле 25,8 отсто од анкетираните, а за лидерот на СДСМ, Зоран Заев 24,8 отсто.

 

 

Претседателот Ѓорге Иванов има поддршка од 9%, а по него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,1 отсто. Зијадин Села ја има довербата од 3,6 отсто од граѓаните, а Биљал Касами од Беса го поддржуваат 3% од граѓаните, додека 14,8% се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар.