Заев и Хан во Давос: Средбата со Ципрас е многу добра вест за земјата, регионот и за ЕУ

од desk2

Претседателот на Владата Зоран Заев, се сретна со еврокомесарот за добрососедство и проширување Јоханес Хан, во рамки на Светскиот економски форум во Давос. Од владината прес служба информираат дека Заев го запознал Хан со резултатите од средбата што ја оствари пред неколку дена со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Заев оценил дека средбата во голема мерка го придвижува процесот на преговорите на двете земји во однос на проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија, како и во однос на потенцијалите за ново, квалитетно, поместување на билатералните односи. Било заклучено и дека средбата со Ципрас била од големо значење и за поместување на евроинтеграциските процеси на земјата, и ги прави пореални очекувањата дека 2018 година може да биде историска година за Македонија, за регионот и за ЕУ.

Комесарот за односи со соседите и за проширување на ЕК, Јоханес Хан истакнал дека средбата со Ципрас е многу добра вест, која покажува храброст, визија и државништво. Според него, решавањето на долгогодишниот спор ќе биде добро за двете земји, регионот и Европа.

Заев на средбата нагласил дека средбата е значајна и за охрабрување на имплементацијата на отпочнатите одржливи реформи во Република Македонија, и дека ја потврдува политичката волја на Владата да ги затвора долготрајните отворени прашања со соседните земји, да ја поттикнува регионалната динамика и да биде веродостоен партнер на своите меѓународни пријатели паралелно со секојдневните остварувања и на домашната општествена сцена.

Слични содржини