Заев и Мицкоски во Собрание по договор за законот за јазиците, пред Собрание протест

од desk2

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се во Собранието каде што за во 13 часот е закажана седница за законот за јазиците.

Претседателот на СДСМ Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да оствварат и средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тие ќе се обидат да постигнат договор по однос на Законот за јазиците, односно денешното гласање да помине во демократска атмосфера.

Мицкоски вчера најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата и повика на разум. Заев и Мицкоски имале одвоени координативни состаноци со пратеничките групи.

Во меѓувреме пред собранието стотина граѓани протестираат против донесување на законот за употреба на јазиците, за кој пак ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 35.500 амандмани. На протестот се пеат патриотски песни.

Во живо: Протест против донесувањето на Законот за јазици пред Собранието

Публикувахте от Radio Slobodna Evropa na Makedonski в Сряда, 14 март 2018 г.

Слични содржини