Заев и Трамп се ракувале во седиштето на Обединетите нации

од desk2

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретнал и се ракувал со американскиот претседател Доналд Трамп.

Заев на својата „Фејсбук“ страница сподели слика од ракувањето со претседателот на САД, Трамп и напиша дека тој дал поддршка за иницијативата на Трамп преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“, напиша Заев.

Премиерот Заев, кој од вчера е во Њујорк до 23 септември ќе постојува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД.

Премиерот, според агендата, ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта.

Слични содржини