Заев има цел-догодина за Македонија датум за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Намерата на Владата е до крајот на годината Македонија да добие препорака за почеток на преговори со ЕУ, а следната година и датум за почеток на преговорите, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој ова го кажа  на средба со претставници на граѓанските  организации и медиумите. Според него во првиот месец Владата го направи првиот чекор за постигнување на овие цели.

Покажуваме посветеност кон вредностите подаваме рака за соработка преку политиките на инклузивност во државата, преку политиките на мостови кон соседите и преку политиката на отвореност кон нашите стратешки партнери на ЕУ и НАТО. Тоа се цени од страна на институциите на ЕУ, кои се подготвени да ни помогнат да  ја постигнеме евроатлантската интеграција.

И ние како Влада сме свесни  за својата одговорност. Во процесот на реформи Владата гледа како партнер  на сите демократски и граѓански ориентирана сили во државата. Тоа се политичари, експерти, истакнати лица и секој граѓанин кој сака да помогне, рече Заев. За возврат вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи изјави дека надворешнополитичкиот амбиент е погоден за земјата. Имаме позитивна политичка ситуација во наредните три шестмесечни циклуси, кога ротирачкото претседателство на ЕУ ќе биде во рацете на Бугарија, Австрија и Романија.

Паралелно со приоритетните реформи, Владата работи и за елиминирање на политичките пречки со кои се соочуваме – да завршиме со Рамковниот договор, кој е извор на несогласувања веќе 20 години, и да прифатиме закон кој се однесува на јазиците, посочи тој. Медиумксите реформи се исто така приоритетни, како и владеење на правото.

Обврските се поделени на краткорочни, кои треба да се завршат за три месеци, среднорочни или шестмесечни и долгорочни, кои треба да се исполнат за година и пол до две.

Владата напоменува дека во наредниот период со Европската унија ќе раководат земји од регионот и дека тој интерес треба добро да се искористи. Најавуваат посветеност на европските приоритети и елиминирање на сите политички пречки.

Акцискиот план ќе му биде претставен и на еврокомесарот Јоханес Хан, кој в понеделник, доаѓа во Скопје.

 

Слични содржини