Има закани по живот на опозиционери, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на Ал Џазира.

– Ова што досега го објавиме не е повеќе од 10 отсто од тоа што го имаме. Имаме папки за слобода и демократија во кои има конкретни докази за работи кои се уште се табу тема во Македонија: Никола Младенов, затворањето на телевизијата А1, убиството на Мартин Нешковски, името – какво предавство е направено со името. Вистината е скриена од јавноста. Нема веќе Груевски сака – нејќе. Само да ја заштити својата кожа тој сака да ја вовлече Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на Ал Џазира.

Тој најави уште десетици чекори натаму и истакна дека граѓаните се охрабрени.

– Храбро се спомнува денес името на Мијалков. Ја вративме храброста кај граѓаните. Мојата иднина е тука, немам роднина во странство. Подготвен сум на се за оваа слобода и демократија – рече Заев.

Тој не верува во меѓуграѓански судир и верува дека граѓаните од сите народности во земјава се сплотени во вистината.

– Можно е Груевски да креира намери на политички судири – рече Заев.

Слични содржини