Заев ја информирал амбасадорката Лисјен за проблемите со изградбата на автопатиштата

од desk2

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со кинеската амбасадорка во земјава, Лин Лисјен, и ја информирал за проблемите во изградбата на двата автопатишта Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, во чијашто изградба учествува Кина.

Тој изјавил дека повеќемесечниот застој на изградбата на автопатиштата е предизвикан од грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на автопатот кон Штип и од изместување на трасата кон Охрид.

За таа цел, Заев најавил средба во најскоро време со кинескиот изведувач и со другите вклучени страни во проектите, заради наоѓање брзо решение.

Кинеската амбасадорка Лисјен му врачила писмо на Заев од премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг, во кое се порачува дека Кина во новата Влада гледа добар партнер и голем потенцијал за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.

Слични содржини