Заев: Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене

од desk4

 Семејствата на жртвите од масакрот кај Смилковското езеро заслужуваат правда, порачуваат денеска од ВМРО ДПМНЕ .

Премиерот Зоран Заев изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Сите материјали кои ги имал за овој случај, како што рече, ги предал на судот.

– Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми е граѓанска должност. Сите материјали, не само оние за „Монструм“ коишто сум ги поседувал, се е предадено, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата за планираните инвестиции во комуналната инфраструктура.

 

Тој додаде дека сега остануваат постапките на судските органи кои треба да донесат одлуки.

Во врска со тврдењата за разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, премиерот рече дека во „бомбите“ имало разговор меѓу нив во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Тој разговор, како што посочи, им го покажал и на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.

Семејствата на жртвите о

д масакрот кај Смилковското езеро заслужуваат правда, порачуваат денеска од ВМРО ДПМНЕ .Заев во повеќе наврати ја најавуваше „вистината“ за случајот „Монструм“. Тврдеше дека има докази, односно телефонски разговори и смс пораки кои ќе фрлеле ново светло на случајот. Обвинетите ги прогласуваше за невини, а на роднините на егзекутираните момчиња им посочувал разговори на функционери од ДУИ кои тогаш беа дел од власта со обвинетите. Сега обвинетите се на слобода, а Заев ги убедува ожалостените семејства дека разговорите кои ги слушал биле за субвенции. Мизерно, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев ги излажа семејствата на убиените како и целата македонска јавност, а од неговата „вистина“ не остана ништо. Тој на срамен и подмолен начин ја искористи оваа трагедија за собирање на политички поени, а откако седна во премиерската фотелја единственото нешто што се промени е тоа што обвинетите се најдоа на слобода. Заев наместо правда спроведува туѓи платформи. Заев мора да се тргне од патот на правдата, се наведува во партиското соопштение.

 

 

Слични содржини