На прашањето дали има докази за затворањето на првата независна А1 телевизија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека тоа ќе бидат следните чекори.

– Да, еден од чекорите коишто ќе следуваат е затварањето на А1 телевизија – одговори тој.

На прашањето дали некој од политичките лидери периодов се обидел да се испазари со него за материјалите, претседателот на СДСМ рече дека деновиве е под посебни истражни мерки.

– Не. Јас прво морам да кажам дека нема комуникација директна со мене. Најверојатно им е страв на луѓето да дигнат телефон. Сега има и официјално посебни истражни мерки, така ги најави Груевски, колку што сум информиран од октомври 2014 година. Значи нема таква комуникација ниту има некои пораки, некој да бара да биде тактизирано со него, да биде внимателно со него. Не можете да барате од Заев кој ја ветува по стоти пат целата вистина, некој да биде заштитен. Целата вистина ќе биде објавена, ако направиле и добро дело, односно да има друга вистина којашто не е таа што ја очекува јавноста, а е важен предмет и го чекале, ќе дознае јавноста. Значи ако има тема важна за јавноста што се шпекулира под основ на сомнение што се случувало вистински. И навистина, нема зла мисла, зла работа или слично кршење на закон и тоа ќе и биде соопштено на јавноста – рече тој.

Слични содржини