СДСМ испрати соопштение по одлуката на кривичниот суд, дека ако не се појави Зоран Заев на следното судско рочиште за случајот Пуч, ќе биде стражарно приведен. Ова е реакцијата од СДСМ:

download (2)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев останува на истиот став соопштен и во јавноста и во судот во однос на конструираниот случај „Пуч“.
Доколку Специјалното јавно обвинителство го превземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ до следното закажно рочиште на 2-ри декември, тогаш претседателот Зоран Заев ќе се појави на судењето.
Доколку дотогаш Специјалното јавно обвинителство не го превземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ претседателот Зоран Заев нема да се појави на закажаното рочиште.

Слични содржини