Заев: Листите на ВМРО-ДПМНЕ се огледало на криминалот

од desk3

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години, стои во писмената изјава лидерот на СДСМ, Зоран Заев во врска со доставените носители на листи од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК.

zaev-strumica-0511

„Овие луѓе кои украдоа над пет милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете – туку за да продолжат да крадат и да се богатат. Овие луѓе, кои нарачуваа шамари, бркаа од работа и рекетираа фирми, не ја бараат вашата доверба за да ве заштитат, туку за да се изживуваат врз вашите животи, со што го хранат своето его“, вели Заев.

Според лидерот на опозицијата, носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои принудија над 626.312 луѓе да заминат во странство.

„Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат.
Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата. На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија“, вели Заев.

 

META

Слични содржини