Заев: Македонија се надева на решение со Грција до јули

од desk4

– Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули, рече Заев.

Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

– Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен, додаде Заев.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули во Брисел.

Слични содржини