Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба

од desk2

Македонија е блиску до изнаоѓање решение на спорот за името со Грција потврди денеска премиерот Зоран Заев. За сега останува да виси опсегот и меѓународната употреба на името а приближување на позициите има и во делот на идентитетот, националноста и јазикот.

Сепак премиерот потврди дека референдум за името ќе има само не конкретизираше дали тоа ќе биде по потпишувањето на меѓународниот договор со Грција, или пред самитот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. „Точно е дека поголем дел од работите се решени и тоа ми дава правода верувам во исчекор. Сето тоа што е решено е условно, не е решен опсегот и конечно името за меѓународна употреба. Македонија треба да има референдум и кога бил дали е врзан сега со евентуално постигнување на договорот и веднаш сега да се реализира, а знаеме дека ни треба 40 дена за референдум , споени со роковите на одлуките и се разговара за временска рамка или референдумот би останал за самиот крај пред конечното влегување во НАТО и ЕУ.“ – изјави Заев.

Грчкото МНР пак денеска неофицијално реагираше и на изјавата на Јоргос Комуцакос одговорен за надворешната политика во опозициската Нова демократија кој го обвини шефот на грчката дипломатија Коѕијас дека ги има истите ставови со Димитров. Во реакцијата која ја пренесува грчката агенција АНА се наведува: „Обидот на грчката опозициска партија Нова демократија „да ги стави на сметка на Министерството за надворешни работи и министерот Никос Коѕијас, ставовите на министерот за надворешни работи на ПЈРМ Никола Димитров“ се политички несоодветна постапка.“

По средбата на шефови на дипломатии која се одржа во Охрид грчките медиуми исто така најавуваат и нова рунда на преговори на ниво на премиери во Атина. За текот на преговорите информирани се и опозициските партии како во Грција така и во Македонија.

Вицепремиерот Бујар Османи и денеска повтори дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е информирана и ги знае сите нови моменти кои што ги знае и Владата. Уште еднаш потврди дека опозицијата ќе биде консултиртана за сите важни прашања – како во делот на реформските закони така и за преговорите со Грција. Очекувањата на властите се дека на 17 април Македонија ќе го добие најдобриот извештај за напредокот од страна на ЕК благодарение и на конструктивноста на опозицијата која даде свој допринос и во изготвувањето на реформските закони иако дел од нив се уште висат како судските закони и законот за дисциплинска одговорност за кои се уште власта и опозицијата ги кршат копјата./24 Вести

Слични содржини