ЗАЕВ: Мора да се изгласа претседател на Парламент- не го кршете Уставот и законот ! (Видео)

од Vladimir Zorba

Претседател ќе се избере овде во Парламент или на друго место!

Заврши времето кога можевте да го кршите Уставот и деловникот и законот а тоа да го продавате како патриотизам, дајте да се гласа  за претседател  да  се прекине оваа цело месечна блокада и да заврши конститутивната седница, побара лидерот на опозицијата Зоран Заев од парламентарната говорница

Овде постои декларирано мнозинство тоа нема да ви го дозволи да  ја блокирате работата на седницата.

Парламентарното мнозинство мора да избере претседател порача пратеникот и лидер на опозицијата Зоран Заев.

Ќе носиме одлуки дали тука дали во ходникот, дали во МАНУ, во амфиетатарот на Универзитетот, не смеете да ја злоупотребувате позицијата на претседавач му порача Заев на претседавачот Трајко Вељановски , мора да се заврши конститутивната седица на Собраните. Мора да му дозволите на парламентарното мнозинство да гласа и да ја продложите седницата и по 18 часот.

Можете и да станете од тоа столче и да му дозволите на најстариот пратеник да ја заврши седницата, беше пораката.

Дозоволете да заврши седницата да може Македонија да оди напред.

Нема отстпаки парламентарното мнозинсто има обврска кон граѓаните на Македонија, порача Зоран Заев од парламентарната говорница.

Слични содржини