Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ноќеска на полноќ присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.

11133688_764713660311881_9003052308006851589_n

Христовото воскресение го дочека со сопругата Зорица, претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов и членови на Советот, како и со најблиските соработници и поголем број граѓани кои се собраа во овој православен храм, соопшти Општина Струмица.DSC_0585

Честитајќи си ги велигденските празници сите заедно си посакаа здравје, радост и спокоен живот во семејствата.

DSC_0597

Слични содржини