Почетна / Актуелно / Заев на средба со Безак: Мора да има решение по демократски пат!

Заев на средба со Безак: Мора да има решение по демократски пат!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак посочил дека мора да се почитуваат демократските принципи, односно одлуката на околу 700.000 граѓани.

– Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на кредибилни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани.  Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова Влада, според мнозинската волја. Никој не смее спротивно на Уставот и на државните интереси да ја загрозува егзистенцијата и стабилноста на граѓаните бидејки се тоа тешки казниви дела – порачал Заев, повикувајќи дека е неопходно сите институции, партии и поединци да овозможат мирен трансфер на власта.

На состанокот се разговарало за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата Влада.