Заев на средба со коалициските партнери пред кафето со Иванов

од Vladimir Zorba

Кабинетот на лидерот на СДСМ  и на Претседателот Иванов усогласуваат термин кога Заев да се појави со 67 -те  потписи кај Иванов, пренесе Тв 24

Додека се прецизира терминот, на Бихаќка е во тек состанок на лидерто на СДСМ Зоран Заев со коалициските партнери од коалицијата „За живот во Македонија“ со цел  да ги информира колиционерите околу постапката со собраните потписи, преговорите со тимот на ДУИ, договореното, како и законот за албански јазик и плановите во СДСМ за  формирање на  Влада.

Состанокот со коалициските партнери доаѓа  по состанокот на ЦО на СДСМ каде Заев со акламација беше избран за мандатар од редовите на СДСМ.

Слични содржини