Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април.

Она што постојано го говоревме директно е потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД.

Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформи за слободни медиуми.

-е-се-фер-избори-на-24-ти-април-не-може-да-има

Кога меѓународната заедница најави објективна оценка за условите за одржување предвремени избори во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против. Напротив, рекоа дека ќе ја очекуваат оваа оценка на ЕУ и САД.

Од тогаш, заради страв од промените, власта во заминување, но и некои други, тврдеа дека има услови за фер и демократски избори на 24-ти април.

Вчера, Никола Груевски избега од објективната оценка. Вчера, Никола Груевски избега од соочување со вистината.

Вистината е болна за Никола Груевски. Тој ги направи изборите на 24-ти април невозможни.

Фер избори на 24-ти април не може и нема да има. Било какво инсистирање на нерегуларни избори, само заради спас на кожата на Никола Груевски и фамилијата, ќе ја втурне Македонија во драматична криза со несогледливи последици.

Во Македонија мора да има фер, кристално чисти избори со слободно изразена волја на граѓаните, потврдени од меѓународната заедница.

Нема да дозволиме сценарија за одбрана на криминалот и корупцијата на мафијата во власта.

Никој не може повеќе да ја држи Македонија во заложништво.

На Македонија и се неопходни избори, час поскоро.

Избори без фантомски гласачи, притисоци и окупирани медиуми.

Избори на коишто ќе одлучат граѓаните, а не мафијата.

Времето на демократски промени во Македонија доаѓа.

Ниту едно сценарио на Никола Груевски тоа не може да го спречи.

Доаѓаат промени на слободни и демократски избори.

Ја враќаме слободата во Македонија.

Институциите ќе профункционираат.

Тие што ги прекршиле законите ќе одговараат.

Македонија ќе биде слободна, демократска, европска држава со европски вредности.

Одговори на новинарски прашања,

 

П1: Господине Заев, пред вашата прес-конференција, ВМРО – ДПМНЕ излезе со соопштение во кое де-факто кажува дека ќе оди на избори, односно дека опозицијата е таа што бара одложување и дека меѓународната заедница вчера не дала никаков доказ околу тоа дека нема услови за фер и демократски избори. Што во тој случај, ако ВМРО-ДПМНЕ  и натаму инсистира на избори на 24-ти април?

 

Аргументите и фактите се нешто пред  коешто и боговите молчат. Знаете дека уште од самиот момент, и ние, и сите добро упатени луѓе ги знаат тие аргументи и факти. Посебно што се мерливи во денови датумите, односно датотеките коишто покажуваат дека не постои време за прочистување на Избирачкиот список, согласно Изборниот законик. Тоа е нешто коешто е аргументирано, образложено со факти и навистина е податок којшто треба да потврди дали Македонија ќе оди на избори со прочистен избирачки список или не. Така да, СДСМ нема намера да ги алиментира нерегуларните, неслободните и нефер изборите коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ. Но, истовремено пак немаме намера да бидеме неми посматрачи на вака организирани избори, коишто не само од нас како опозиција и сите демократски сили во Македонија, туку и од меѓународната заедница е потврдено дека не се исполнети условите во Македонија да се одржат кредибилни избори.

 

П2: Господине Заев, дали СДСМ ќе предложи предлог до Собранието да се поништи одлуката за самораспуштање ?

Иницијативата којашто ја предложија партиите за донесување на одлука за распуштање на Парламентот со одложено дејствие, се токму тие партии кои треба да предложат сега иницијатива за укинување на таквата одлука. Тие се тие коишто треба да предложат таква иницијатива , а не ние.

 

П3: Што значи тоа дека нема да бидете неми набљудувачи? Ќе ги повлечете ли министрите и членовите на ДИК? Што ќе превземете?

Како што реков  – ние немаме намера да ги потврдиме или алиментираме организационите форми за спроведување на нерегуларни и недемократски избори. Тоа се однесува секако и на нашето учевство во Владата. Истовремено, немаме намера да бидеме неми посматрачи на организирање на изборен процес чијшто резултат ќе биде нефер, нерегуларни и недемократски избори.

 

П4: Господине Заев, датумот на изборите е ставен и во законот. За да се смени тој датум ќе треба да се смени и самиот закон. Ќе предложи ли СДСМ нов предлог- закон за избори и дали би лицитирале со нов датум?  Затоа што вчера амбасадорот Џез Бејли го спомна 5-ти јуни во неговото излагање.

Реков, подносителите на иницијативата за одлуката со одложено дејствие се тие што треба да поднесат сега иницијатива за одлука со којашто ќе се укине претходно донесената неуставна одлука на Парламентот. Секако, ако Изборниот законик биде предложен во Парламентот, за укинување на терминот 24-ти април којшто стои во преодните одредби, СДСМ ќе гласа за укинување на тој термин за избори.

 

 

 

П5: А би лицитирале ли за нов датум?

Ние оставаме независната институција , пред се Државна Изборна комисија да  соопшти кога ќе проектира прочистување на избирачкиот список, односно до кога тоа ќе заврши и секако, знаете дека вториот услов, регулација на медиумите е нешто важно коешто е соопштено од сите,признаено и од ВМРО-ДПМНЕ, стои во договорот од Пржино и треба да биде договорено

 

П6:Господине Заев, вчера бевте на состанок само трите политички партии, без ВМРО-ДПМНЕ. Кој беше ставот на ДУИ и ДПА? Го подржуваат тоа што го кажува меѓународната заедница  дека треба да се одложи датумот или дека треба на 24-ти април да има избори?

Господинот Ахмети даде една изјава. Јас од тоа што го знам, официјално само можам да констатирам дека секој што ќе учевствува во нерегуларни и нефер избори, станува соучесник во криминалот и корупцијата на Никола Груевски и во она што значи одговорност пред граѓаните. Согласно тоа, без разлика за која политичка партија се работи, ако учевствува на вакви избори коишто однапред се дефинирани од целиот свет дека ќе бидат нерегуларни и недемократски, тоа значи дека ќе биде соучесник во криминалот и корупцијата на Никола Груевски. И секако, ваквите избори сите знаеме дека ќе ја втурнат Македонија во драматична криза, со несогледливи последици.

 

П7: Доколку се оди на избори на 24-ти април, која ќе биде вашата стратегија. Ќе продолжите со бомбите или не?

Ќе оставите органите и телата на СДСМ, на опозицијата и на сите демократски сили во Македонија да ја развијат, добро да ја утврдат својата стратегија  којашто верувајте, ќе биде исклучиво во интерес на сите граѓани и на Република Македонија.

 

П8: Дали е можно одложување на подолг временски период, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги бојкотира сите активности со кои е поврзан Ван Хојте, а без него не може да се донесе законот за медиумски реформи ?

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ рекоа многу работи во минатото, па на крајот испаднаа поинакви. Така да, да оставиме времето да покаже. Конечната цел, којашто носи стабилна Македонија со добри перспективи се фер , регуларни и демократски избори. Таа цел , имаме обврска имаме сите да ја исполниме.

 

П9:  Очекувате ли нешто да се смени во овие два дена, бидејќи откако ќе се распушти Парламентот, Собранието не ќе може да донесува никакви закони ниту прописи и аналогоно на ова, безмислени би биле натамошните преговори и за медиумите и за другите услови што ги пропиша меѓународната опозиција?

Ние сме опозицијата во Парламентот. Секако, Парламентот е тој којшто може нешто да промени.Секако, малцинството во Парламентот тоа не може да го направи. Сето она коешто ќе биде направено како исчекор од страна на  владеачките партии  ние внимателно ќе го следиме и веднаш ќе ја информираме јавноста за нашите активности.

 

Слични содржини