images (1)
Првиот опозиционер Зоран заев на денешното објавување на 20-тата бомба изјави дека и покрај се прегвороите со власта ќе продолжат утре во Брисел.Според Заев преговарале затоа што не сакале да се отворат други алтернативни можности кои граѓаните ги бараат

“Нема да дозволиме ѓон образот на Груевски, дрскоста и безобразието на Груевски да ја држи во заложништво Македонија.Многу често преговаравме на наша штета, преговаравме и кога Груевски не снимаше. Сакаме да дадеме шанса на зелената маса, ќе го испочитуваме тоа што е договорено, секоја информација ќе биде соопштена од претставниците на ЕУ. Немаме намера преку наши изјави власта да го извитопери и уништи преговарачкиот процес . Преговараме затоа што не сакаме да се отворат други алтернативни можности кои граѓаните ги бараат. Гневот врие во Македонија. Бараме шанса како да има издувен вентил за гневот на граѓаните. Ние ќе дадеме се по мирен пат да се случи заминувањето на ова зло. Нашите суети и нашите чувства ги оставивме дома кога дојдовме да ја водиме оваа партија. Замолувам за трпение, одговорноста за државата е заедничка на сите. Чекор по чекор на крајот вистината за Македонија ќе го отвори процесот за доброто на Македонија” – рече Заев.

Слични содржини