Ние се изборивме за предвремени избори, но за тоа е потребна целосна имплементација на Договорот од Пржино –  обезбедувањето на услови за оддржавање на  фер и демократски избори е императив на договорот од Пржино, а не загарантираниот датум, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Канал 5 телевизија, одговорајќи на прашањето дали ќе има избори на 24. Април.126502

Вo Договорот од Пржино, вели Заев, има дел од работите кои се завршени, како формирањето на Специјалното обвинителство, но има дел како слободата на медиумите и проверката на избирачкиот список кои се нецелосни.Избирачкиот список  воопшто не е среден а медиумските реформи не се ниту почнати. Нема да идеме на избори како до сега, па некој да не ги признава!Целта на договорот  е да се сменат овие ујдурми досега , и да се направат фер услови.

Смените во министерствата каде се поставени технички миниситри од СДСМ се токму поради тоа,  тргање на кадри со партиски книшки и враќање на професионалците кои биле тргани и праќани по планини и надвор од системот. Целта епрвин чистење, усогласување и   демократски амбиент,  за да се оддржат фер избори , датумот е само рамка,  и појаснуваше Заев на јавноста, одговарајќи на  нарачани прашањ од водителката која  тврдеше дека и гостувањето и било  нарачано и под притисок.

 

Слични содржини