Заев очекува договорот со Бугарија да биде потпишан на три јазици: Англиски, македонски и бугарски – тоа значи признавање на јазикот

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии англиски, македонски и бугарски. Според него, тоа би било важна работа за Македонија, бидејќи ќе значи и признавање на јазикот.

Тој на вчерашната седница на Парламентот одговарајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот им оти се повредуваат македонските национални и државни интереси посочи и дека Бугарија е првата земја што ја признала Македонија под уставото име. Бугарија преку договорот, како што наведе Заев, сака искрено да ги тргне тегобите коишто постоеле меѓу двете соседни земји за да ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ.

Слични содржини