На новинарско прашање на  прес конференција  кога е објавена третата бомба за власта ,  лидерот на СДСМ, Зорн Заев, одгвори дали очекува да биде уапсен другата недела, во среда?

zatvorenik-3-542x320

Тој рече:  Груевски и Мијалков и сé е можно. Секако, уште на првата прес конференција и ова сценарио го отворивме како можно од страна на дрските и безобразни поединци во оваа власт. Но, знаете дека сме подготвени и апсолутно ништо не може да ја спречи целата вистина да допре до граѓанитеzaev3-685x320

Како го толкувате молкот од вашите партиски опоненти? Имате ли сознание што се случува во владеачката партија?

Исто како што и вие го толкувате. И ние сме обични луѓе коишто си ја сакаме државата. Јасно ни е дека подготвуваат нешто, не седат така. Подготвуваат нешто. Но што и да подготвуваат, што и да осмислуваат, како да навлегуваат се подлабоко во кашата, можат само штети во Македонија да прават. Апсолутно ниту вистината ќе ја спречат, ниту нас ќе не спречат. Овој процес е можеби шок во моментов за целата земја но верувајте најверојатно мораше да се случи. После шокот доаѓа сонце, доаѓа убава иднина на нашата земја. Затоа реков уште при првата изјава радувајте се. Процесот што ќе го почнеме ќе ја донесе слободата демократијата и европските вредности во државата.

Слични содржини