Заев од Куманово: Меркел, МАкрон и Могерини се големи пријатели на нашата земја, ќе добиеме датум за преговори!

од Vlatko K

 

„Се вратив од Берлин. Се разговараше за прашањето Косово и Србија. Меркел, Макрон и Могерини се големи пријатели на Северна МАкедонија. И тоа како ќе добиеме датум и ќе ги отвориме поглавјата. Затоа што игравме со се за државата бидејќи веруваме во иднината и прогресот на земјата. Само со ЕУ и НАТО ќе има прогрес и нови работни места и нови инвестиции. Донесовме одлука и имаме праведен и фер Договор“, порача Заев од граѓанската трибина во Куманово.

Заев рече дека европските лидери на состанокот во Берлин го посочиле Преспанскиот договор како добар пример за решавање на билатералните проблеми на Западен Балкан како решение кое овозможува просперитет, соработка и траен мир.

Tој повика на масовна поддршка на Стево Пендаровски, бидејки, како што рече – доста ни беше од фрустрации, кочници и кризи.

-Доаѓа добро време, донесовме крупни храбри одлуки, ги отворивме перспективите, денес имаме држава загарантирана од цел свет, со признаен македонски народ и македонски јазик од цел свет, на пат сме кон ЕУ и НАТО, тоа значи стабилност, но значи и економски развој. Ни треба претседател кој води заедно и напред. Знам дека ќе го избереме Стево Пендаровски и ќе продолжиме заедно напред, порача  Заев

Граѓанска трибина во Куманово

Во живо од граѓанската трибина со граѓаните на Куманово, заедно со идниот Претседател на државата, Stevo Pendarovski.#ЗаедноНапред

Публикувахте от Zoran Zaev в Вторник, 30 април 2019 г.

Слични содржини