Заев: Oд седум позиции во преговарачкиот процес, приближување во ставовите има во три

од desk2

Oд седум појдовни позиции во преговарачкиот процес, за три има приближување во ставовите, а за четири се уште се преговара, рече премиерот Зоран Заев.

Тоа според него практично значи дека речиси половина од точките по кои се преговара се затворени, а според него тоа биле најлесните точки. Премиерот останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки. Заев вели дека на вчерашниот состанок меѓу министрите Димитров и Коѕијас во Виена, официјално почнаа преговорите, а досегашните напори водеа кон градење на доверба.

Сепак според Заев, доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум./24 Вести

Слични содржини