Зоран Заев, лидерот на СДСМ, заедно со делегацијата, ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

sdsm-shtip

„Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во 2014 година во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес, за кои е потребно итно да се спроведат препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање влада што ќе ги подготви и ќе ги спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија. Очекуваме принципиелни разговори поставени на рамноправна основа“, пишува во соопштението на СДСМ.

Во соопштението пишува дека искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организрање влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за почеток на можни преговори за решавање на политичката криза.

 

Извор: МЕТА

Слични содржини