Заев: Односите меѓу Бугарија и Македонија биле заладени само од политички причини

од Vladimir Zorba

Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе стави крај на долгогодишните тегоби и дебати за прашања од историјата, смета премиерот Зоран Заев, информира Телма.

Оптимизмот го објаснува со фактот дека на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов успеале да затворат четири прашања од Договорот, а тоа што останало, без да открие за што се работи, очекува шефовите на дипломатиите да го решат на една средба со кафе. Ставот на Заев дека огромен дел од историјата е заеднички го стопи мразот на официјална Софија.

Досега односите се заладуваа исклучиво од политички причини. Дел од нив се отстранети по посетата на Заев на Софија.

Посетата на Заев во Бугарија е оценета како многу значајна, а прегратката со Борисов и поклонувањето пред споменикот на цар Самоил е на сите насловни страници и главна тема на телевизиските дебатите.

На критиките и од Македонија и од Бугарија одговори дека заедно со Борисов покажале лидерство за поквалитетен живот на своите граѓани. Одговори и на сите дилеми во бугарската јавност за македонските учебници во кои Бугарите се фашистички окупатори, како и на инсистирањата дека Самоил е бугарски цар.

Сите изданија ќе бидат променети онаму каде што предизвикуваат непријатност за да биде се во духот на сораотката. Имаме заедничка европска историја, Дебатата за цар Самоил останува вечна.

/извор Телма

Слични содржини