На денешната прес-конференција првиот опозиционер Зоран Заев рече дека СДСМ веќе ги повика независните интелектуалци за спас на Македонија. Според него добро било што се формираат граѓански здруженија за заштита на Уставот.

marsh_kavadarci2

„Политичките партии се подготвени да ги тргнат и партиските симболи. Се поизвесно е дека ќе се случи огромен сојуз меѓу граѓаните за враќање на слободата и демократијата. Ако е упропастена локомотивата, не ги менуватe вагоните, локомотивата ја менувате. Рибата смрди од главата. Не може промена поради тоа што некој се заморил, а он се мачи. СДСМ ја води внимателно целата постапка на обелоденување на вистината за Македонија. Борбата не ни е за власта, туку да обезбедиме институции за фер избори, за да се врати државата во нормала. Ова го правиме за да овозможиме ова никогаш да не се повтори“, рече Заев.

Слични содржини