Заев пред патот за Брисел: Ќе објасниме дека ќе работиме многу на реформите за влез во ЕУ

од desk3

“Одлична можност е да се видиме сите од регионот, да поразговараме за европската перспектива на нашата  Македонија, да објасниме колку многу ќе работиме на реформите за да им дадеме причина да се фокусираат кон целиот регион, па и кон нашата Македонија. Македонија ја чека Европската унија, сакаме и полнoправно членство во НАТО и веруваме дека овие примарни цели на нашите граѓани ќе бидат истовремено сериозно поддржани од нашите европски партнери”, рече мандатарот Зоран Заев пред утрешната средба со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, за 24 Вести. Заев потврди дека ја добил поканата на Могерини и дека утре ќе присуствува на вечерата во Брисел. 

За тоа до каде се преговорите со партнерите за новата влада, Заев вели дека се надева оти до крајот на неделава се ќе заврши.

‘За мене и за мојата земја е толема чест што сум мандатар. Реално и извесно е дека ќе ја формираме Владата. Ние се надеваме дека позади таа Влада ќе стојат најмалку 67 пратеници заради  сигурноста на мандатите кои што ни требаат, пред се поради реформскиот процес, Правиме напори ден поскоро, се надеваме дeка дo крајот на оваа недела да финишираме преговорите, четврток, петок, сабота бидејќи  деновите ни се броени. Реков дека ќе ни требаaт 10-на денови и отприлика сите што преговараме,  си презедовме обврска тие да не траат   повеќе од 10-на дена”, рече Заев.

Слични содржини