Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред денешната средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека нивните позиции се јасни. Тој не сакаше да коментира какви очекувања има од преговорите, иако според него логичните аргументи се на страната на СДСМ, бидејќи нивната крајна цел се фер и демократски избори.

download

– Навистина се сосема спротиставени позициите иако се логичните аргументи на наша страна затоа што крајна цел се фер, демократски и регуларни избори кои можат да се постигнат единствено преку преодна влада без Груевски која ќе ги гарантира слободно изразените волји на граѓаните. Се надевам дека денеска ќе сфати Европската Комисија. Ако и денеска не сфати, можеби после 10 дена ќе сфати, или после 20, но апсолутно немаме кај да брзаме. Знаеме дека е важно да добиеме позитивна препорака од ЕК, но пред се, и над се, мора да имаме слободна и демократска земја.– рече Заев.

Дали ќе продолжат со објавувањето на таканаречените бомби, според Заев ќе зависи од тоа со каков резултат ќе завршат денешните преговори.

Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич денеска на прашањето кои се очекувањата на еврокомесарот од средбата со политичките лидери од Македонија изјави дека не може да коментира бидејќи преговорите се во тек, но се знае оти целта е да се најде решение за политичката криза во земјата и напорите на ЕК се во тој правец.

 

Слични содржини