Првиот опозиционер Зоран Заев денеска на пресконференцијата наменета за “Бомбата бр. 27” ги потврди медиумските шепекулации дека во мај ќе има голем протест во Скопје, но не сакаже да каже на кој датум би биле и на каков начин би биле одржани.

images (1)

“Не може опозицијата своето сценариото да го објави сега и не е наше монополско право да се бориме за слободата. Ако барате народ да ви се приклучи, ќе го консултирате тој народ како тоа да се направи. Во мај ќе има голем протест, ние се обидуваме по градовите, но после тоа ќе се истури народ по улиците и тогаш нема застанување”-посочи Заев.

Според него протестите ќе се одржат откако опозицијата ќе ги обзнани и бомбите за Никола Младенов, Монструм, името и убиството на Мартин Нешковски.

Слични содржини