Заев се обрати пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот на надворешни работи, Никола Димитров и министерот за дијаспора, Едмонд Адеми беше почесен говорник на Универзитетот Колумбија, каде што во организација на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, имаше обраќање на тема „Свеж старт на Балканот: Демократско обновување и еколошко обновување на линија на одржливи развојни цели.“

„Новата Влада ја отвори Македонија во земја на можности за сите, за граѓаните, цивилното општество и граѓанскиот сектор, политичките партии, за заедно да ги постигнеме стратешките цели, економски развој и евроатлантски перспективи“, изјавил Заев.

На настанот присуствувале и говореле директори од Универзитетот Колумбија и од УНДП во САД.

Со присуството на Универзитетот Колумбија премиерот Зоран Заев и владината делегација ја заокружија официјалната посета во Њујорк и учеството на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации.

Слични содржини