Заврши средбата на првиот опозиционер Заев со Претседателот на Израел Реувен Ривли. Разговарале за билатералните односи, за бегалската криза, но и за економските релации меѓу земјите. Како што информираше самиот Заев, аферата со набавката на израелска опрема не била спомената , но не ја исклучува можноста за тоа да се разговара на утрешните средби со владините претставници.

12105893_682679918536062_6582473123258965945_n

“Средбата со израелскиот претседател, но и оние утре, со заменик премиерот и со министерот за економија се најдобар демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките бомби што ги објави СДСМ”- изјави Заев.

1620728_682679945202726_8922357895730262145_n

Заев истакна дека Ривлин во разговорите до него рекол дека обврска на македонските политичари е да се грижат за безбедноста на граѓаните.

Ве постсетуваме на бомбата во која се слушаат разговорите околу набавката на опремата за прислушување од Израел.

Слични содржини