Заев се сретна со претставници на Американската стопанска комора AmCham од Албанија

од desk4

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостоловска денеска остварија средба со Марк Крафорд претседател на Американската стопанска комора во Албанија AmCham и бизнис претставници – членки на Комората.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, со бизнис секторот од Албанија застапуван од Американската стопанска комора AmCham премиерот Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот, вклучително и со Албанија, на воспоставување пријателски релации и на инфраструктурно регионално поврзување како врвни приоритети на регионална политика со цел унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Во таа смисла, тој додаде дека позитивните исчекори што Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи на земјата, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

Крафорд посочи дека компаниите членки, од кои дел присуствуваат на средбата покажуваат значителен интерес за инвестирање во Македонија и регионот.

Слични содржини