Заев се сретна со претставници на Светска банка, најавена поддршка за напредок

од desk2

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, и со Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија.

Ван Гелдер соопштила дека Светска банка ќе продолжи да дава поддршка за напредок и за развој и дека со економскиот тим на Владата ќе се работи на утврдување и на поткрепа на краткорочните приоритети на Македонија, соопшти владината прес-служба.

На средбата се разговарало за поддршка на системот на менаџирање со јавните финансии, за конкурентноста на економијата, за енергетската ефикасност, како и за поддршка за пораст и за развој на домашните фирми за да отвораат нови добро платени работни места.

„Претставниците на Светска банка изразија силна поддршка за економските политики на Владата и заеднички беше оценето дека по завршувањето на политичката криза, со реформските процеси од планот „3-6-9“ се отвораат нови можности за економски пораст и развој на Македонија“, информираат од Владата./Meta

Слични содржини