Заев се сретнал со еден од првите луѓе на „Гугл“ и разговарале за соработка

од desk2

Премиерот Зоран Заев во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави се сретнал со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании „Гугл“.

На состанокот, како што информираат од Владата, било разговарано за соработка помеѓу компанијата „Гугл“ (Google Jigsaw) и била поставена основа за развивање на таа соработка.

На средбата, лицата што го придружувале високиот претставник на компанијата, Коен, ги кажале впечатоците од нивната неодамнешна посета на Македонија и нагласиле дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот информатичко-технолошни сектор.

Заев истакнал дека Владата ќе даде поддршка на компании и на поединци со иновативни идеи.

„Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ-секторот и во технологијата“, изјавил Заев./Мета

Слични содржини