Иако полицијата пред два месеца најави кривична пријава за Зоран Заев зашто наводно оддал државна тајна, МВР сѐ уште не поднела пријава до Скопското обвинителство за снимките околу донацијата за полициска опрема од Израел-анализира БИРН

download

„Сѐ уште постапуваме по случајот“, велат од МВР.

Претседателот на СДСМ смета дека ако полицијата имаше намера да поднесе кривична пријава, тоа досега требаше да го стори.

„Најверојатно чекаат да паднат другите две пријави, па да си имаат трета за постојано да ме држат под кривични, колку да има секогаш ‘фер’ услови за преговори“, вели Заев за БИРН.

Тој во април објави снимени телефонски разговори коишто, според него, покажуваат дека поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, преку неговата тогашна соработничка Светлана Костова барал половина милион евра од израелска компанија за да стартуваат преговори за набавка на опрема за прислушување.

Повеќе ТУКА

Слични содржини