Заев тргнува со реформите: Најпрво реизбор во судството, па укинување екстерно …

од Vladimir Zorba

 Распуштање и реизбор на судството, нема да има екстерно тестирање и радио-дифузна такса, а за граѓаните ќе има евтина струја. Ова ќе бидат први мерки на новата Влада која ќе се формира до крајот на мај или почетокот на јуни, изјави во неделното интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

 

Заев истакна дека по крвавиот четврток е мора да се случи олитичко помирување, национално помирување, меѓуетничко помирување, партиско помирување.

Преку глава ни е од делби и поделби, многу зла крв се пушти меѓу нашиот народ и не може да очекуваме перспектива и добра иднина за Македонија, ако тоа така остане. Јас сум православен христијанин, верник и најголемото простување во мојата вера, а верувам тоа е така и во муслиманската и во католичката и во сите – е да се прости на непријателот. Ние имаме политички непријател, други немаме. Тоа апсолутно значи дека секој ќе оди на Суд и ќе си понесе одговорност, но мораме меѓусебно да си ја испратиме пораката за простување ако сакаме да соработуваме. Јас сум свесен дека мојот мандат ќе биде успешен, водејќи ја новата влада на Македонија, ако не дозволам никој да има причини за нови блокади, за нови антагонизми. Искрено секогаш упатувам порака дека ќе ни треба соработка со опозицијата, ние може да си ги сакаме дома децата и семејствата, ама мораме да соработуваме заради реформите, заради животот и соживотот, заради граѓаните, заради нашата заедничка Македонија. Се надевам на реформи и во ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што целото ова злосторство кое е на повидок и го видоа граѓаните на Македонија е докажливо злосторство, сè што се случи, тоа е со умисла. Заради тоа што на новата власт и треба силна опозиција. Убедени сме дека новата власт само преку силна опозиција ќе биде одговорна, отчетна, транспарентна и целосно насочена кон интересот на граѓаните. Во такви околности помирувањето е неопходно, јас сум подготвен да пружам рака секому, да тераме заедно, сплотени, здружени, оти така ќе не почитуваат и соседите, така ќе не почитува и светот“, рече Заев.

На прашањето ако с е департизира судството дали ќе има потреба од СЈО, Заев одговори дека ова обвинителство е формирано со консензус на сите партии и сите пратеници во парламентот и тоа има своја намена и потреба за функционирање, опстојување и завршување за тоа што е формирано.

„Јас сум убеден и сакам, тоа да си ја заврши работата за која е формирано. Што значи да истражи сè што е поврзано и што произлегува од незаконското прислушување. Ако има докази да процесуира истраги и обвиненија, ако нема завршуваат истрагите тука. Тоа е она што го очекувам. Истовремено паралелно веднаш ќе мораме да ги отвориме процесите за независноста во судството. Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање– распуштање на судството и негов реизбор, изјави Заев за Радио Слободна Европа.

целото интрвју тука 

Слични содржини