Заев утре ќе го бара мандатот – Иванов не го открива следниот чекор

од desk2

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се уште размислува како да го побара мандатот за формирање Влада од Иванов, велат извори од партијата за ТВ 21.

Неофицијално, во игра се две опции. Едната е Заев со документот да оди лично во претседателскиот кабинет, а другиот начин е по институционален пат, односно со писмено известување од Собранието до Вила Водно.

„Иако побаравме одговор од седиштето на СДСМ на Бихаќка не сакаа да откријат детали за тоа како Заев ќе го побара мандатот за формирање Влада од Иванов. Добивме одговор дека партијата конечно ќе се произнесе во текот на утрешниот ден“

ТВ 21 побара информации и од службата за односи со јавност на претседателот Иванов кој во овој момент е најповикуваната политичка фигура во државата. Но и од таму не откриваат која ќе биде следната постапка на претседателот.

„Од кабинетот на Иванов не откриваат детали дали и кога претседателот ќе му го даде мандатот за формирање нова Влада на лидерот на социјалдемократите, кој завчера ги обезбеди потребните потписи откако доби поддршка од ДУИ“

Кога на први февруари претседателот Иванов ги консултираше лидерите на политичките партии, кои влегоа во Собранието, во своето обраќање освен 61 потпис побара и зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини