Премиерот Зоран Заев, в понеделник, 12 јуни, освен во Европската комисија, ќе има прием и во седиштето на НАТО, јавува МИА.

Тој ќе се сретне со генералниот секретар Јенс Столтенберг. Според најавите од Алијансата, Заев на средбата со Столтенберг ќе биде придружуван и од новата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, како и од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Претходно беше најавено дека Заев во Брисел ќе се сретне со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Ова е прва посета на Заев во Брисел ,откако застана на чело на Владата.

Слични содржини