Заев е задоволен од договорот обвинителката од Гевгелија Катица Јанева да биде специјален обвинител. Тој додава дека таа била околу 13 години обвинител и пет години секретар на судот во Гевгелија.

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран ЗАЕВ

“Најмногу беше проблематично изнаоѓањето на законското решение. Јас сум повеќе од задоволен затоа што имаме закон што гарантира целосна автономија.Се работи за обвинител кој нема никаква партиска припадност. Ја има поминато програмата Фалконе во Сицилија, што е многу значајно за борба против криминалот, едукатор е во програмата на новиот Кривичен законик, била на студиски патувања во САД околу практичната примена, едукатор е на одредени програми на Академијата за судии и обвинители. Според мене, ги исполнува начелно сите почетни услови да веруваме дека на ваков добар закон имаме независно и непристрасно доволно стручно решение кое очекувам пред сè да биде во полза на интересите на граѓаните на Република Македонија“- вели Заев.
Специјалниот обвинител има целосно автономно право тој да ги предлага и по број и како кандидати обвинителите, има целосно отворен буџет на располагање без какви било лимити и за кадровски и за технички персонал, но и за анализи, странски експертизи односно сè што е потребно во првите три месеци и тие ќе бидат репер за буџетот за 2016 година.

Слични содржини