Заев вели Договорот со Бугарија отвора сериозни перспективи – опозицијата бара итна собраниска седница

од Vladimir Zorba
Опозициската ВМРО ДПМНЕ повторно побара да се свика итна собраниска седница за разгледување на договорот за добрососедство и соработка со Бугарија. Договорот ќе биде штетен за националниот интерес доколку не бидат вградени нивните забелешки – сметаат од партијата и бараат јавноста да биде вклучена во процесот, информира ТВ24.
„Ние не бараме дебата која ќе се случува во септември, бараме отворена дебата со приложен јавен нацрт договор со Бугарија, пред потпишувањето.“ – изјави Илија Димовски – пратеник ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот носи придобивки за Македонија и ќе биде ставен пред пратениците, рече премиерот Зоран Заев. Оваа фаза од преговорите треба да биде зад затворени врати, но во наредната јавноста ќе биде вклучена, рече Заев.
„Договорот со Бугарија отвара сериозни перспективи за Македонија и во смаиот договор Македонија има сериозни придобивки Договорот ќе биде склучен и конечен кога ќе го ратификува Парламентот.“ – изјави Зоран Заев – претседател на Влада на РМ.
Официјална Софија пак со цврсти ставови за договорот, без интерес за партиските превирања во Македонија. Не водиме преговори со политички партии, водиме преговори со Владата – порача министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервју на бугарската државна телевизија. „Текстот е финализиран и нашата земја нема намера да води нови преговори“, рече Захариева со што ја потврди бугарската одлука договорот да се потпише на 2 август. Според официјална Софија, топката е сега во Скопје и чека македонските власти да решат дали ќе градат добрососедски односи или ќе бидат во изолација.

Слични содржини