Веруваме во конечна разрешница во која Никола Груевски ќе замине од политичката сцена, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју за Ал Џазира.

Според него, однесувањето на премиерот е очекувано.

– Ова е очекувана реакција од Груевски. Жално е што сака и ВМРО-ДПМНЕ да го вовлече во него. Криминалот е околу Груевски и негови блиски соработници. Добро е што работите не зависат само од Груевски. Нашето барање за промена не е за промена на власта, не е за СДСМ да стане власт, туку да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија – рече Заев.

Тој истакана дека сите предмети кои се отворени против Груевски и другите никој не ги вика да дадат искази и не кажува што се случува со нив, а има десетици такви пријави.

– Мора прво да се случат оставки од Марко Зврлевски, Јован Илиевски, па по мониторинг можат да се отворат постапките и за „Пуч“ и за другите пријави – рече Заев.

Општеството наше има државотворен капацитет, додаде тој.

Според него, разрешницата во земјава ќе биде порака и до гругите земји во регионот за вакви и слични работи да не се случуваат.

– Го отвориме пакетот на „чесноста“ на Груевски. Не само што е погазена економијата во земјава и другите проблеми, туку да знаат граѓаните каков човек е тој. Што се направил да дојде до маркици кои ќе вредат многу повеќе и слично, се со цел лична амбиција и мегаломанство – рече Заев.

Слични содржини