Ова што се случувало во Македонија, дрско однесување на Никола Груевски и Сашо Мијалков буквално го срозило функционирањето на државниот систем и правната држава. Со право домашната и меѓународната јавност почнаа да зборуваат за состојбата во земјава. Конкретни докази во чии раце е провосидниот систем, тројца луѓе местат судии и обвинители-Никола Груевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.

protuger

Имале свои соработници во ДУИ, министерот за правда и Муса Џафери. Се пазареле, наместувале судски пресуди, некои дури готвеле и одмазники планови, рече Заев.

Судски одлуки не се донесуваат туку се нарачуваат. Влатко Мијалков бара ургенција во Апелационито суд, судијката Филимена Маневска го упатува кај Љупка Арсениевска, претседател на Апелациониот суд, за која му вели “Таа е наша, иди слободно и кажи Филимена ме испрати“.

Во вториот разговор, Заев посочи дека шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер бара судски ургенции кај Гордана Јанкуловска за негов другар.

-За Диме, за жена му, сега кривична и стегнале, за сообраќајка. Ако и пуштиле да падне треба, пушти ми податоци.

Слични содржини