Лидерот на СДСМ Зоран Заев е повикан на денешните преговори, со оглед на крајниот рок за решавање на изорното законодавство.

download (1)

„Влегуваме во фотофиниш и се надевам дека ќе ги најдеме најдобрите решенија во интерес на граѓаните на Македонија.“ – изјави Заев на заедничката прес конференција со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Заев рече дека единствено нешто околу кое се согласиле четирите најголеми политички партии е дека дијаспората треба и мора да гласа. Но, не според правилата на игра на Груевски.

„Дијаспората треба и мора да гласа, но нема да му дозволиме 3:0 на Груевски, тој да мести конзули и дипломатски претставници, да нема уставна загарантираност на еднаквост на гласовите. Понудивме и формирање на министерство за дијаспора, кое ќе им помага на нашите во дијаспората. Доколку се оствари правото на дијаспората да гласа, тогаш цензусот мора да остане или нивните гласови да се испратат во матичното живеалиште на граѓанинот“, рече Заев.

Слични содржини