Заев во Њујорк на ГС на ОН и на средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев од вчера до 23 септември ќе присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, САД, соопшти владината прес-служба.

Во составот на делегацијата предводена од Заев, ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Премиерот ќе присуствува на отворањето на работата на Генералното собрание на ОН и ќе има обраќање на конференцијата на тема „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Премиерот, според агендата, ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Заев ќе има средби и со претставниците на македонската дијаспора во САД, како и со американски бизнисмени.

Слични содржини