Заев во ОН: На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија

од desk3

Уверен сум дека на заедничките предизвице ќе одговориме со заеднички решенија. Мирот заложбата за пристоен жвиот и заедничките решенија се вредностите преку кои Република Македонија успеа да надмине длабока политичка криза која дури го брануваше и нашиот регион. Ние сме мала земја полна со различности.  Минавме низ тешки искушенија бидејќи се обединивме околу заедничките вредности.  Затоа Република Македонија денес е слободна безбедна и стабилна. Република Македонија е пријател со своите соседи и цврсто ориентирана кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање во Њујорк на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации.

Во моментов, Македонија и Грција имплементираат мерки на градење на доверба и со искрени разговори меѓу двете страни, премиерот Зоран Заев е убеден дека има начин да се надмине проблемот што го има Грција со нашето уставно име.

Генерално Заев изрази длабока загриженост за ракетните проби на Северна Кореја и се заложи за мирна денуклеаризација на оваа земја.

„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби“, рече Заев.

Заев нагласи за добриот однос кој владата што ја предводи го негува кон соседните држави, како и за потпишувањето на договорот со Бугарија за добрососедство.

 

 

Слични содржини