Заев од Скопје ќе ПОБЕДИМЕ! Заедно ја испишуваме новата историја на Македонија

од Vladimir Zorba

Од говорницата пред иладниците  граѓани на  митингот во Скопје  Заев се обрати  до сите граѓани  на цела Македонија до  сите етнички заедници, со единственото уверување- Ќе ПОБЕДИМЕ.15301182_10154710060894804_278854004_n

Тој ги престави кандидатите на шестте изборни единици.Треба да сме горди, заедно го испишувавме овој историски момент. Вечерва со нас се кандидатите од шесте избирачки листи, рече Заев.

Тој прв  го повика Стево Пендарвоски, кандидат за пратеник од 1 ИЕ, кој им се обрати на граѓаните.15320353_10154710063594804_812264988_n

„Ние победуваме, кон победата може да не скрши само криминалот. Само СДСМ и Коалицијата може да донесе нова праведна Македонија. Сега е да се биде за сите нас. Јунаци, мој народе газиме на 11 за Република Македонија. Ви ветувам дека не ве лажам овојпат сум сигурен дека победуваме.

15327704_10154710071214804_161225569_n

Заев го повика  генералниот с екретар на СДСМ, Оливер Спасовски од 2 ИЕ..15282010_10154710061109804_1420719452_n

„Сите сме сплотени заедно во оваа историска борба, рушење на режимот и живот во Македонија. На 11 декември ќе ја вратиме правдата,ќе славиме за живот во Македонија, рече Спасовски.

Поздрав на другата страна од мостот Гоце Делчев, рече Заев, па го престави Љупчо Николовски од 3 ИЕ.15300737_10154710061784804_1778255709_n

„Носиме живот, квалитетен и висок стандард за сите граѓани. Затоа одлучивме, парите ги насочуваме, ги враќаме кај граѓаните, да одбереме иднина и победа“рече Николовски.

На митингот се и заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска.15319545_10154710021519804_201938647_n

„Ова е држава што припаѓа на сите подеднакво, на оние кои можат с е и на оние кои им треба нашата помош. Оваа држава им припаѓа најмногу на младите кои ќе ги задржиме во државата. На 11 декември институциите ги враќаме кај граѓаните. Ќе има победа“, рече Шеќеринска.

 

Пред граѓаните се обрати и Петре Шилегов од 6 ИЕ.15301082_10154709895784804_1056560685_n-1

„Си го враќаме животот и си ја враќаме слободата, победуваме затоа што сите имаме исти потреби.  На мојата рака погледнете сите прсти се различни но, ако ја стегнеме и се обединиме-Нема сила што може да ја победи оваа тупаница, “рече Шилегов. 15310482_10154710020149804_1437177463_n

Нема ништо посилно од волјата за живот, имаме надеж, имаме план за живот за Македонија. Ќе има живот во нашата Македонија, рече Заев пред граѓаните.

Слични содржини