Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на својот Фејсбук профил даде коментар за референдумот за ГТЦ. Ви го пренесуваме во продолжение:

zoran-zaev

Искористивме прекрасна демократска алатка… го одржавме и подигнавме активизмот и капацитетноста… изградивме прекрасни партнерства и соработки со граѓански активисти на цели кои може да бидат заеднички… Во услови на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивствавиш на забеганата власт, а при избирачки список во кој повеќе од 25% гласачи практично не се на адресите кои се водат на избирачкиот список… Мислам дека успехот е повеќе од добар.

Така да досега само критичен осврт видов од борци против режимот… од самиот режим се уште нема критика за неуспешниот референдум. Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех… веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен… нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го организират, помогнат и поддржат референдумот.

Слични содржини