Лидерот на опозицијата Зоран Заев  во вечерашното интервју за Локално.МК, ги осуди  последните настани во Гошинце и изјави дека тоа се премногу индикативни работи.

zaev

Народот е сплотен во овие времиња во борба за слобода и демократија против врхушката на власта, и тој самиот е гарнат за безбедноста и стабилноста на Македонија, и тоа ми дава некаков спокој,  порачува Заев.

Може да се појавуваат секакви бандитски групи, без разлика испланирани од поединци или групи или се самоинцијатвно мотивирани, кои сакаат да ловат во матно, сепак нема да успее никаков обид кој би предизвикал какви било тензии, па посебно меѓуетнички тензии. Тоа е невозможна мисија на било кој да се обидува, но важно е, за да тоа биде така и потврдено од сите, од  инстиуциите на системот, безбедносните служби , кои иако зависат од врхушката на власта, сепак таму има многу стручни луѓе кои што можат професионално да си ја завршат работата, па дури и да се работи за монтиран инцидент.

Целото интервју на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој говори за последните пораки  на меѓународната заедница, за мотивот на оставките на ДУИ, за Бранко Црвенковски и составот и тајмингот на дејствување на новата преодна влада ќе го емитуваме утре претпладне на локално.мк.

 

Слични содржини