Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде интервју за националана Хрватска радио телевизија (HRT).

Ви пренесуваме дел од интервјуто:

„Јас знам дека ова ќе трае се додека не се врати слободата и демократијата во Македонија. Ништо ниту помалку ниту повеќе ме интересира мене, раководството на најголемата опозициона партија и на целата коалиција, коишто сме со исти ставови. Девет години сме опозиција. Можеби заради тоа сме растеретени.

Знаеме каква е состојбата во државата. Секако, честа народот ја дава кој ќе ја води Македонија. Но, тоа не е примарната цел којашто ја имаме. Примарна цел е слободата, демократијата и европските вредности да ги вратиме во нашата земја“

Слични содржини